ОН: Веднаш да се намалат тензиите меѓу Израел и Палестинците
- ОН итно се ангажира на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца, настрадани во израе

Њујорк, 11 мај 2021 (МИА) - ОН итно се ангажира на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца, настрадани во израелските воздушни напади врз Газа и ракетните напади на Хамас врз Израел, изјави денеска претставникот на ОН, Стефан Дижарик.
„Израелските сили за безбедност мора да бидат максимално воздржани и мора да го прилагодат степенот на употреба на сила. Ракетирањето и гранатирањето на Хамас во населените области во Израел се неприфатливи", рече Дижарик. паг/