• вторник, 05 ноември 2024

Онлајн панел-дискусија по повод Меѓународниот ден за проверка на факти

Онлајн панел-дискусија по повод Меѓународниот ден за проверка на факти
Скопје, 2 април 2021 (МИА) - По повод Меѓународниот ден за проверка на факти денеска ќе се одржи онлајн панел-дискусија на која ќе биде презентирн проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” , во организација на „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка од Европската Унија. Новинарите и активистите низ целиот свет петти пат го одбележуваат Меѓународниот ден на проверка на фактите инициран од Меѓународната мрежа за проверка на факти, чија членка од Северна Македонија е Фондацијата „Метаморфозис“. Меѓународниот ден за проверка на факти се одбележува од 2017 година од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network) во соработка со над стотина организации низ целиот свет кои вршат проверка на факти. 2. Април е одбран како антипод на 1. април – денот на лагата.свс/скс/

Остани поврзан