ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград
- Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.
![ОМО Илинден Пирин бара бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград](https://mia.mk/images/20230205121000_big_730x400_53.webp )
Скопје, 5 февруари 2023 (МИА) - Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.
![](/articles/images/омо-илинден-пирин-бара-бугарската-полиција-да-открие-кој-го-искрши-ста_HHX2V/qvDkt8z5q/placeholder.webp?use_watermark=0)
-Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне - нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис, стои во постот објавен на Фејсуб страницата на ОМО Илинден Пирин.
![](/articles/images/омо-илинден-пирин-бара-бугарската-полиција-да-открие-кој-го-искрши-ста_mq8HV/Gmrz9TGVf/placeholder.webp?use_watermark=0)
Во постот се означени премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Левица Димитар Апасиев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и комесарот Оливер Вархеи.
![](/articles/images/омо-илинден-пирин-бара-бугарската-полиција-да-открие-кој-го-искрши-ста_WPUMz/iZ8AReeFC/placeholder.webp?use_watermark=0)
Во објавите од вчера од ОМО Илинден Пирин информираат Македонците од Бугарија го одбележуваат раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но исто така посочуваат и дека не им било дозволено да ги користат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. ев/