Омерагиќ: Со федерациите од регионот делиме слични предизвици
- Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, учествуваше на регионален состанок во Сараево на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Сараево, 5 март 2025 (МИА) – Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, учествуваше на регионален состанок во Сараево на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.
- Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн. Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал, изјави Омерагиќ.
На состанокот учествуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу. зс/
Фото: ФФМ