Олимписките кругови ќе бидат изложени на Ајфеловата кула
- Олимписките прстени ќе бидат изложени на Ајфеловата кула, објавија денеска организаторите, додека Париз се подготвува да одбележи 100 денови до почетокот на Олимписките игри.
Париз, 9 април 2024 (МИА) – Олимписките прстени ќе бидат изложени на Ајфеловата кула, објавија денеска организаторите, додека Париз се подготвува да одбележи 100 денови до почетокот на Олимписките игри.
На јужната страна на познатата Ајфелова кула стара 135 години, ќе бидат изложени петте олимписки прстени долги 29 и високи 15 метри, а ќе бидат изработени од целосно рециклиран челик.
Работите за поставување на олимписки кругови ќе почнат на крајот на овој месец, соопштија денеска организаторите.
Околу 10.500 спортисти ќе продефилираат со бродови на реката Сена на свеченото отворање на Олимписките игри на 26 јули, а натпреварите ќе траат до 11 август. ег ФОТО: Икс