• понеделник, 23 декември 2024

Олимписката шампионка Гоџa се повреди пред Игрите во Пекинг

Олимписката шампионка Гоџa се повреди пред Игрите во Пекинг
Рим, 24 јануари 2022 (МИА) - Италијанката Софија Гоџа се повреди пред Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг. На вчерашната трка во Кортина д'Ампецо во супервелеслалом Гоџа имаше пад што резултираше со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и пукнатина на потколеницата. Гоџа, кој треба да биде знаменосец на Италија во Пекинг, најверојатно ќе ги пропушти велеслаломите и супервелеслалом закажани за 7 и 11 февруари, соодветно. -Многу сум вознемирена. Очигледно ова не е „пауза“ што ми требаше пред толку важен почеток на сезоната. Но, во следните неколку часа ќе започнам курс за физикална терапија за да се обидам да ја одбранам олимписката титула во моите омилени натпревари, изјави Гоџа. Олимпијадата во пекинг ќе се одржи од 4 до 20 февруари. зс/

Остани поврзан