• петок, 05 декември 2025

Оливија Смит потпиша рекорден договор во женскиот фудбал

Оливија Смит потпиша рекорден договор во женскиот фудбал

 

Лондон, 17 јули 2025 (МИА) – Канаѓанката Оливија Смит стана најскапата фудбалерка во историјата на женскиот фудбал, откако потпиша рекорден договор со Арсенал, вреден еден милион фунти.

Дваесетгодишната Смит минатата сезона го носеше дресот на Ливерпул, а со актуелниот европски женски првак потпиша четиригодишен договор.

Претходниот рекорден трансфер во историјата на женскиот фудбал беше поставен во јануари, кога Челзи му плати 900.000 фунти на американскиот клуб Сан Диего Вејв за фудбалерката Наоми Гирма.

„Привилегија и чест е да потпишам за Арсенал. Мојот сон е да се натпреварувам за титули во Англија и Европа“, порача Смит.

Канадската фудбалерка минатата сезона таа постигна девет голови на 25 натпревари за Ливерпул. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан