• понеделник, 02 февруари 2026

Речиси илјада мигранти можеби исчезнале во Медитеранот по циклонот Хари, предупредува невладината организација

Речиси илјада мигранти можеби исчезнале во Медитеранот по циклонот Хари, предупредува невладината организација

Рим, 2 февруари 2026 (МИА) - Приближно 1.000 луѓе можеби исчезнале во морето како резултат на бурите предизвикани од циклонот Хари, кој минатиот месец предизвика сериозна штета во јужна Италија, соопшти денеска невладината организација за спасување мигранти „Медитеранеа сејвинг хјуманс“, цитирана од италијанската новинска агенција АНСА.

Процената се базира на информации собрани од бегалци во Либија и Тунис за бродови што исчезнале за време на лошите временски услови, објасни организацијата.

Претседателката на организацијата, Лаура Марморале, го опиша инцидентот како „една од најголемите трагедии во последните години на централната медитеранска рута“.

Таа ги обвини владите на Италија и Малта дека не реагирале соодветно посочувајќи дека тие „молчеле“ и „не презеле никакви дејства“ како одговор на она што се случило. рп/ми/

Фото: АНСА

Остани поврзан