• петок, 22 ноември 2024

Околу еден милион денари за струшкиот Центар за култура преку годишната програма на Министерството за култура

Околу еден милион денари за струшкиот Центар за култура преку годишната програма на Министерството за култура

Струга, 12 февруари 2024 (МИА) - Со околу еден милион денари, средства обезбеднеи преку Министерството за култура во рамките на годишната програма, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе реализира бројни проекти.

Директорката на институцијата Николина Велкоска Глигороска информира дека годинава ќе прослават два значајни јубилеи, 65 години од основањето на Центарот, најпрво како дом на културата и 80 години постоење на Библиотеката во Струга, која е и една од најстарите во државата.

- Стружани ќе имаат можност да се потсетат на едно минато време како се градеа Библиотеката и Домот на културата, како и на сите личности кои оставија траен белег во културата во Струга, истакна Велкоска Глигороска.

Ресорното министерство, нагласи, и годинава го препознало квалитетот на проектите со кои конкурирале за годишната програма. Преку поддржаните проекти, според директорката, се збогатуваат културните активности и ќе продолжат традиционалните фестивали, а публиката ќе има можност да ужива во манифестациите.

- Во делот на фолклорната дејност, обезбеднеи 400.000 денари, меѓу нив се годишниот концерт на КУД „Илинден“, кое е директно под Центарот за култура и Ревијата на народни носии, кои ќе им овозможат на љубителите на фолклорот да уживаат во традиционалните вредности на земјава. Не беше изоставен ниту традиционалниот фестивал „Фолк мост“, на кој покрај културно уметнични друштва од државата, својата традиција и култура ги прикажуваат и друштва надвор од земјата, појасни Велкоска Глигороска.

Според неа, одвоени се средства и за Мултиетничкиот фестивал. на кој учествуваат музички таленти од сите основни и средни училишта во општина Струга.

Со над 100.000 денари биле поддржани две групни и една самостојна изложба, додека од драмската дејност препознаен бил проектот „Дивите Лебеди“.

За збогатување на библиотечниот фонд во струшката Библиотека одобрени се 300.000 денари за набавка на книги на македонски и албански јазик, 30.000 денари за книжен фод на Библиотеката во Вевчани и уште 70-тина илјади денари за други тековни проекти со кои ќе биде одбележан јубилејот. сс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан