• петок, 05 декември 2025

Оклахома го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Оклахома го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Оклахома, 19 мај 2025 (МИА) – Екипата на Оклахома Сити синоќа на домашен терен го победи Денвер нагетс  со 125:93 во седмиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА лигата.

Најефикасен на теренот беше кошаркарот на домашниот тим Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна 35 поени. Центарот на Нагетс Никола Јокиќ постигна 20 поени.

Оклахома ја доби серијата со 4;3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот, каде ќе се соочи со Минесота тимбервулвс.

Во другото полуфинале ќе се соочат Њујорк никс и Индијана пејсерс.

Со елиминацијата на Денвер, за прв пат во историјата на НБА, во последните седум години ќе има седум различни шампиони.

Од 2019 година, победници се Торонто, Лос Анџелес лејкерс, Милвоки, Голден Стејт, Денвер и Бостон.

Минесота, Оклахома и Индијана никогаш не го освоиле шампионатот во НБА лигата, а Никс последен пат победиле во 1973 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан