ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот
- Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки.

Токио, 25 јули 2021 (МИА) - Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки.
Шампионката од Вимблдон, загуби од Шпанката Сара Сорибрис-Тормо со 4:6 и 3:6.
Австралијката по втор пат оваа сезона го заврши турнирот по првото коло.
Од друга страна, Сорибрис-Тормо, победува Топ 10 тенисерка по втор пат во 11 натпревари.
Претходно таа ја победи Наоми Осака (10) во Купот на Федерации. зс/