Озеленување на повеќе локации во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“
- Општина Илинден и оваа година ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамките на оваа акција се садат садници во урбаните делови на Општина Илинден на повеќе локации. Ќе бидат засадени вкупно 50 виско квалитетни листопадни дрвца, информираат денеска од Општина Илинден.
Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Општина Илинден и оваа година ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамките на оваа акција се садат садници во урбаните делови на Општина Илинден на повеќе локации. Ќе бидат засадени вкупно 50 виско квалитетни листопадни дрвца, информираат денеска од Општина Илинден.
Досега се садело во рамки на паркот во Дељадровци, кај амбулантата во Миладиновци како и во рамки на паркот во Миладиновци. Од Општината најавуваат дека во наредниот период акцијата ќе продолжи во локалитетот Јака, покрај пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, како и кај детското игралиште во Мршевци.
Во садењето на дрвцата учествувал и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакнал дека целта на проектот „Зелена Општина Илинден“ е да се озеленат повеќе јавни површини и да се подигне еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки, како што рекол, ќе ги почувствуваат сите, па и следните генерации.
Од Општина Илинден велат дека покрај засадените садници во паркот во населеното место Дељадровци се врши и уредување на просторот со павер елементи. сст/дма/
Фото: Општина Илинден