• понеделник, 20 мај 2024

Од утре летното работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

Од утре летното работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање - зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелираат корисниците на услугите на јавните површини наменети за паркирање - зонско да ги запазат промените, односно наплатата за паркинг услугата да ја извршуваат во наведеното работно време за да не се соочат со санкција. мд/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан