• четврток, 04 декември 2025

Од утре зимско работно време на паркинзите на „Градски паркинг“

Од утре зимско работно време на паркинзите на „Градски паркинг“

Скопје, 30 септември 2025 (МИА) - Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање - зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг - Скопје.

- Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде: од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот, сабота: од 07:00-14:00 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот, соопшти ЈП Градски паркинг - Скопје.

Од претпријатието им препорачуваат на сите корисници да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан