Од три училишта во Петриња испишани најмалку 105 ученици
- Најмалку 105 ученици се испишале од три основни училишта во Петриња од земјотресот во декември до денеска, објави хрватскиот весник Јутарњи лист

Загреб, 9 март 2021 (МИА) - Најмалку 105 ученици се испишале од три основни училишта во Петриња од земјотресот во декември до денеска, објави хрватскиот весник Јутарњи лист.
Исто така, одливот на најмалку 150 ученици од училиштата во Сисачко-мославачката жупанија значи дека толку семејства во изминатите месеци се одселиле.
Весникот наведува дека најголем одлив е регистриран во Петриња, речиси 10 отсто од вкупниот број на ученици.
- Секоја недела барем еден ученик заминува. Семејствата се селат во Џагреб, Велика Горица, а дел се преселија во Австрија, Германија или Босна и ХЕрцеговина. Секако, сите кажуваат дека сакаат да се вратат, но тоа се луѓе кои немаат каде да се вратат, изјави директорот на Првото основно училиште во Петриња, Роберт Гроз.
Од тоа училиште од јануари досега се испишале 40 ученици. ми/