• петок, 22 ноември 2024

Од специјална операција до војна против Западот

Од специјална операција до војна против Западот
Лондон, 3 јуни 2022 (МИА) – Би-Би-Си на стоте дена војна во Украина објави кратко видео за тоа како руските прорежимски телевизии известуваат за војната во Украина. На почетокот од инвазијата врз Украина, што почна на 24 февруари, руската јавност беше известена дека не се води војна туку се спроведува специјална операција. Руските сили соочени со отпорот на украинската армија, неосвојувањето на Украина и пренасочување на офанзивата кон Донбас, руските телевизии се обидоа на креативен начин да објаснат зошто Русија брзо не ја освои Украина: дека на Русите им е жал за Украинците, како и дека голем број во Украина се држат како заложници. Телевизискиот наратив подоцна се промени и од „специјална воена операција“ до егзистенцијална борба против целиот Запад, а не само со Украина. Руските телевизии постојано потсетуваат на руската нуклеарна моќ и што руското стратешко оружје може да им направи на западните држави. Државната телевизија е исклучително влијателна во Русија. Според истражувањето спроведено во април годинава, дури 70 проценти од Русите се информираат преку телевизија, 38 отсто преку социјалните мрежи, 30 проценти преку онлајн медиуми и 18 отсто преку семејството и пријателите. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан