• четврток, 26 декември 2024

Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари

Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари

Вашингтон, 3 декември 2024 (МИА) - САД ќе и обезбедат на Украина воена помош за одбрана од руски напади во износ од 725 милиони долари, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Одлуката е донесена во контекст на напорите на тимот во заминување на претседателот Џо Бајден да ја зајакне позицијата на владата во Киев во војната за да се одбие руската инвазија пред тој да ја напушти Белата куќа во јануари.

Поддршката меѓу другото ќе вклучува ракети Стингер, муниција за ракетните фрлачи HIMARS, беспилотни летала и противпешадиски мини.

Минатата недела тимот на Бајден подготвi нова воена помош, од која голем дел ќе вклучува и противтенковско оружје за да ги одвратат нападите на руските трупи.

„САД и повеќе од 50 други земји се обединети во нивните напори да ги гарантираат одбранбените способности на Украина пред руската агресија“, рече Блинкен. зш/

Остани поврзан