Од полноќ бензините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
- Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,233 ден./кг и сега ќе изнесува 33,883 ден./кг.
Од полноќ „евросупер БС-95„ ќе се продава за цена од 73 денари за литар, а „евросупер БС-98“ за цена од 75 денари за литар. Цената на „дизелот“ ќе биде 68 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство 67 денари за литар.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 17.2.2025 година.
Трговците на големо и мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. сст/паг/
Фото МИА архива