Од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ на Азем Делиу
- Деновиве од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу во издание на Перун Артис од Битола, а преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска.

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - Деновиве од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу во издание на Перун Артис од Битола, а преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска.
Книгата е за познатиот полски писател Пјотр Смолински кој го посетува Косово по војната, во неа е прикажуван судирот на идентитетите и менталитетот. Влијанието на религијата, национализмот во секојдневниот живот.
Романот е преведен на неколку светски јазици и беше во потесниот избор за наградата за литература на Европската унија.
Изданието е помогнато од Регионалната мрежа за културна разноликост READ.
Промоцијата е планирана за 11 јули во Младинскиот културен центар, Скопје. ар/ев/