• четврток, 26 март 2026

Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43 степени Целзиусови, соопшти УХМР.

Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.

Фото: МИА

Остани поврзан