• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 април. Денеска е Воскресение Христово (Велигден). Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар или економист и кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта. Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Леон Деветти. На 47-годишна возраст папскиот престол го наследил од папата Дамаз Втори. Од почетокот на својот понтификат проповедувал, ги посетувал свештениците и манастирите. Во 1053 година, кога Норманите ја опседнале Италија, Леон се понудил себеси како закуп. Норманите го заробиле. Девет месеци бил во заробеништво, а тоа за неговиот понтификат претставувало една од најголемите катастрофи во историјата на црквата. Папата Леон умрел на 19 април 1054 година. ###

Остани поврзан