• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
5 февруари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јануари. Денеска е Св. Климент Анкирски. Овој Климент се роди во град Анкира (или Анкара, во денешна Турција) во третиот век. На 12-годишна возраст остана сирак, а го прифати една благородна пријателка на мајка му. Уште како млад го сврте вниманието на локалниот епископ заради својот свет живот. Го ракоположија за свештеник, а веќе на 20 години и за епископ. За време на едно од последните гонења на христијаните во Рим, свети Климент беше затворен. Во затвор остана 28 години, каде што постојано го измачуваа. Најпосле, пострада маченички за Христа кон крајот на третиот век. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Агата. Живеела во првата половина на третиот век. Мачеништвото го претрпела за време на владеењето на царот Дечиј во 251 година. Според легендарните податоци потекнувала од богато семејство. Како девојка се заколнала во заветот на невиноста. Кога бил извршен указот на Дечиј против христијаните, некој Квинтијан, знаејќи дека Агата е христијанка, наредил да ја однесат кај некоја жена. Потоа била измачувана, но таа му останала верна на Христос и за верата загинала. ###

Остани поврзан