• четврток, 21 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
29 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април. Денеска е Св. маченички Агапија, Ирина и Хиона. Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан наредил духовниот старец Хрисогон да биде погубен. Откако го погубија овој, некој Зоил му ги најде моштите и ги пазеше кај себе. По некое време, светиот Хрисогон му се јави на Зоил и му откри дека ќе пострада по девет денови, заедно со три сестри Агапија, Ирина и Хиона. Тие беа затворени, мачени и погубени. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Катарина Сиенска. Била родена во 1347 година, во Сиена. На шестгодишна возраст и се прикажал Исус. Одлучила да стане милосрдна сестра во редот на Свети Доминик. Се грижела за болните луѓе и им помагала на сиромашните. Со својот свет живот ги потикнувала грешниците на покор. Во 1347 година им помагала на луѓето кои биле заразени од чума. Неколку години пред да умре, на рацете , нозете и градите и се појавиле Исусови рани. Таа започнала уште пожестоко да се моли за спасување на луѓето. Умрела во Рим, во 1380 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 36 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 40 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан