• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
9 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари. Денеска е Св. Тарасиј Цариградски. Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патријархот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден манастир. Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски собор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Франциска Римска. Била родена во 1384 година во Рим. По барање на нејзиниот татко, таа се омажила за Лоренцо Позианиј. Родила шест деца. По смртта на нејзиниот маж и децата основала заедница која се грижела за сиромашните и болните. Го чувствувала присуството и заштитата на својот ангел - чувар. Живеела покорен живот, се молела за грешниците. Умрела во 1444 година. Луѓето од градот Рим ја почитуваат како своја заштитничка. ###

Остани поврзан