• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
26 април 2020 (МИА)  ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 април. Денеска е Св. свештеномаченик Артемон. Свети Артемон пострадал за време на прогоните од страна на императорот Диоклецијан. Живеел во Лаодикија, а оттаму под стража бил одведен во Палестинска Кесарија, како христијанин и свештеник. Но, во Кесарија се ослободил од затворот на чудесен начин и се повлекол во некое осамено место во Мала Азија, не прекинувајќи го својот добродетелен живот, ниту проповедта на животоносниот збор. Заради привлекувањето на многу пагани кон верата во Христос тој бил повторно затворен и погубен. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марија на добриот совет. Ако Марија во надприродниот ред е нашата духовна мајка, тогаш нема ништо поприродно ако побараме совет за нашите потреби. На својот животен пат, почнувајќи од апостолите во црквата, треба да и се помолиме и на Мајката Божја - Мајката на добриот совет. Тоа можеме да го направиме во секоја нејзина црква, пред секоја нејзина слика, во секој час. Никогаш нема да биде залуден обидот, ако на Мајката Божја и се обратиме за совет. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 33 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 46 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан