• четврток, 25 април 2024

Одрони пред беровско Будинарци, отстрането паднатото дрво на патот кај Тработивиште

Одрони пред беровско Будинарци, отстрането паднатото дрво на патот кај Тработивиште

Берово, 17 април 2024 (МИА) - Поради одрони на патниот правец Берово-Виница,  надлежните од подружницата на ЈП Македонијапат препорачаа внимателно возење. Одроните моментно се најизразени пред село Будинарци каде освен вработени во претпријатието во расчистувањето учествуваат и затекнати возачи кои сообраќат на оваа релација. 

Во меѓувреме жители на делчевското село Тработивиште заедно со вработени во Македонија Пат  брзо се организираа и во координација со ТППЕ и МВР Делчево го отстранија паднатото дрво на патот Делчево - Пехчево - Берово во близина на игралиштето во село Тработивиште.

Заканата од нови одрони се уште е присутна и  на овој патен правец, како и на патниот праве Делчево - М.Каменица каде попладнето повторно на одредени делници забележани се нови одрони.

Апелот на надлежните е внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. вс/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан