Одржано 2.коло во дресурно јавање
- На теренот на коњичкиот клуб Анималс од Скопје во населбата Дрма, денес се одржа 2. коло од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава.

Скопје, 11 јуни 2023 (МИА) - На теренот на коњичкиот клуб Анималс од Скопје во населбата Дрма, денес се одржа 2. коло од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава.
На програмата беа три натпревари, и тоа во категориите А, М и во ЛМ, со избор на слободна програма и музика во времетраење од 3-4 минути.
Резултати:
Категорија- ЛМ:
1-место Сандра Маслинко со грлото Еландо - од КК.Анималс
2-место Леонода Гроздановска со грлото Џилдан - од КК.Анималс
Во Категорија – М:
1- место Лиа Кајев со грлото Аполо - од КК.Анималс
2-место Калина Колевска со грлото Прешес од КК.Анималс
3 - место Матеа Димовска од со грлото Ајвора од КК.Анималс
Категориј – А:
1-место Ева Крстовска со грлото Доктор Ди - КК.Анималс. зс/