• петок, 27 септември 2024

Одредени четвртфиналните пресметки во Дејвис купот

Одредени четвртфиналните пресметки во Дејвис купот


Малага, 19 септември 2024 (МИА) – Извлечена е жрепката за пласман во финалната фаза на Дејвис купот што ќе се одржи во Малага меѓу 19 и 24 ноември.
Бранителот на титулата Италија во четвртфиналето ќе се соочи со Аргентина, а според најавите, актуелните шампиони ќе бидат засилени со светскиот рекет број 1 Јаник Синер и Лоренцо Музети, кои ја прескокнаа групната фаза во Болоња.
Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против победникот од пресметката меѓу САД и Австралија.
Германија за пласман во полуфиналето ќе игра против Канада, а домаќинот Шпанија ќе се соочи со селекцијата на Холандија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан