• петок, 20 март 2026

Одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Министерот за правда Игор Филков, кој требаше да претседава со седницата, изјави дека воопшто не била почната материјалната расправа и се надева дека следната недела ќе се одржи седницата.

Како што претходно информираа од Министерството за правда за МИА, на средбата требаше да се избере претседател на работната група и да се донесе Деловник за работа. бак/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан