Одиграни четири натпревари од 10. коло во ПМФЛ
- Викендов на распоредот во Првата македонска фудбалска лига се натпреварите од 10. коло. Четири дуели се одиграа попладнево.

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) – Викендов на распоредот во Првата македонска фудбалска лига се натпреварите од 10. коло. Четири дуели се одиграа попладнево.
Постигнати резултати:
АП Брера Струмица – Гостивар 0:1
Брегалница – Работнички 2:1
Тиквеш – Шкупи 1:1
Воска Спорт – Македонија ЃП 2:1.
Утре играат:
Струга ТЛ – Силекс и
Вардар – Шкендија.
Табела: Шкендија 20 бода, Шкупи 19, Силекс 16, Струга ТЛ 15, АП Брера Струмица 14, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска Спорт 10, Гостивар 10, Вардар 5. зс/
Фото: МИА