• вторник, 19 ноември 2024

Одеса вечерва повторно нападната со дронови и проектили

Одеса вечерва повторно нападната со дронови и проектили

Одеса, 10 ноември 2023 (МИА) - Одеса вечерва повторно е нападната со дронови и проектили. Околу 19 часот по локално време е издаден воздушен аларм, имало краток прекин, но тревогата е обновена по еден час и се уште трае. За време на нападот се погодени две локации во регионот на Одеса.

„Во моментов има три жртви, 96-годишна жена е извлечена од под урнатините на кооперација и е хоспитализирана. Нејзината состојба е стабилна, лекарите и ја даваат неопходната помош. Уште две постари лица (на возраст од 72 и 73 години) се полесно повредени и им е укажана помош на лице место“, напиша на Телеграм, Олег Кипер, претседател на регионалната воена управа на Одеса.

Според украинската војска, пристанишната инфраструктура најверојатно била погодена од суперсонична ракета Оникс. паг/

Фото: Икс

Остани поврзан