Одделни средби на Албусади со иранската и американската делегација
- Министерот за надворешни работи на Оман, Сајад Бадр Албусади имаше одвоени средни со иранските и американските претставници, соопшти оманското МНР
Мускат, 6 февруари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Оман, Сајад Бадр Албусади имаше одвоени средни со иранските и американските претставници, соопшти оманското МНР.
Бусади разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Консултациите беа фокусирани на подготовка на условите за продолжување на дипломатските и техничките преговори, со акцент на нивната важност, со оглед на решеноста на вклучените страни да обезбедат трајна безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на оманското МНР.
Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека Арагчи и неговиот тим набрзо ќе ги почнат преговорите со американската делегација.
Оман и минатата година посредуваше помеѓу Иран и САД во нуклеарните разговори, кои беа прекинати во јуни кога Израел ги нападна иранските нуклеарни постројки, а набргу се приклучија и американските сили. ми/рп/
фото: ДПА