• среда, 15 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 декември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 декември. Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски. Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји. Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Урбан Петти. Пред стапувањето на папскиот престол, бил припадник на бенедиктанците. Како папа, сериозно ги сфатил должностите на својата одговорна служба. Живеел строго и едноставно. Неговиот морален живот му овозможил силен углед меѓу Божјиот народ. Пред службата на светата Миса, секој ден се исповедувал. Умрел во 1370 година. ###

Остани поврзан