• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
24 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 мај. Денеска е Св. Кирил и Методиј. Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викаше Константин ги помина сите степени на тогашната наука. Брат му, пак, беше повеќе години управник на една област во струмичко. Двајцата имаа неколку мисии, што се опишани во Панонски легенди, двајцата беа монаси и двајцата се упокоија надвор од своето родно место, имајќи го целиот свет за свој дом, за мисионерско поле. За Словените се важни не само затоа што им ја дадоа азбуката, туку и затоа што ги доведоа пред вратите на вистинската просвета, т.е. пред Христа (во црковнот речник крштението најчесто се нарекува просветување). ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Винко Маченик. Тој живеел во Шпанија во четвртиот век. Како христијанин бил фатен и измачуван од пратеникот на Диоклецијан за Шпанија, Максимин Даја. Винко влијаел на стражарите со својата добрина, така што тие го пуштиле да избега од затворот. Даја веднаш испратил потера по нив, која го фатила Винко, заедно со неговите две сестри, Сабина и Кристета, по што тројцата биле ѕверски мачени. ###

Остани поврзан