• недела, 28 април 2024

Од верските календари

Од верските календари
26 октомври 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври. Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска. Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи. Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Деметрије, Дмитар. За неговиот живот не се знае многу. Неговите биографи наведуваат дека бил Римски офицер. Кога станал христијанин, Римските власти го фатиле и бидејќи не се согласил да се одрекне од христијанската вера, го убиле во 304 година, во Ширмиуму - денешна Сремска Митровица која по него го добила името. ###

Остани поврзан