• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 април 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 април. Денеска е Упокојување на Методиј Солунски. Светителските празници редовно се определуваат според денот на упокојувањето на светителот. Зашто тоа е денот на нивната лична пасха, нивниот личен премин од смрт во живот, зашто тие, исто како и Христос, во себе го носеа најизобилниот живот, пред кого смртта останува немоќна. Денешниот празник е празникот на личната пасха на едниот од двајцата словенски просветители, празник на личната пасха на свети Методиј Солунски. Инаку, тој се слави заедно со својот брат Кирил на нивниот заеднички празник на 24 мај. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Леон Деветти. На 47-годишна возраст папскиот престол го наследил од папата Дамаз Втори. Од почетокот на својот понтификат проповедувал, ги посетувал свештениците и манастирите. Во 1053 година, кога Норманите ја опседнале Италија, Леон се понудил себеси како закуп. Норманите го заробиле. Девет месеци бил во заробеништво, а тоа за неговиот понтификат претставувало една од најголемите катастрофи во историјата на црквата. Папата Леон умрел на 19 април 1054 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:25 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

Остани поврзан