Од верските календари
- 25 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март. Денеска е Преподобен Теофан Исповедник.
25 март 2022 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март.
Денеска е Преподобен Теофан Исповедник.
Теофан се родил во осмиот век. Потекнувал од аристократско византиско семејство, кое било некаков род со имераторот Константин Копроним. Татко му умрел рано, па Теофан бил оставен на грижа на императорот. Не сакајќи да ја жалости мајка му, кога дошло време тој се оженил со една девојка од виден род. За негова среќа, Господ му дал за жена сродна душа, и самата насочена кон Бога. Тие живееле честит живот среде суетата на дворот, а кога им се дала прилика двајцата стапиле во манастир. Свети Теофан набрзо се прочул по својот добродетелен живот и околу него се собирале и други љуби¬тели на подвижничкиот живот. Пострадал заради исповеда¬њето на правата вера во времето на царот Лав Ерменец. Бил заточен на островот Самотраки, каде и се упокоил.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Најавување Господово - Благовест.
Денеска го славиме почетокот на човековото спасение, кога Арканѓел Габриел испратен од Господ отишол во галилејскиот град, Назарет кај девицата верена со човек од Давидовата куќа чие име било Јосип. Девицата се викала Марија. Кога анѓелот влегол во неа и рекол: "Радувај се полна со милост! Господ е со тебе!" Таа почнала да размислува што значи тој поздрав. Анѓелот и одговорил: "Не плаши се Марија бидејќи најде милост кај Господ. Еве, ти ќе зачнеш и ќе родиш Син на кој ќе му го дадеш името Исус. Како ќе се случи тоа кога мажот не го познавам, прашала Марија. Анѓелот и одговорил: Светиот Дух ќе се симне, силата на Севишниот ќе те засени и затоа детето кое ќе го родиш ќе се вика Свет, Син Господов". На тоа Марија рекла "Еве ја служителката Господова, нека биде како што велиш Ти!"
###