• петок, 17 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
23 јули 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јули. Денеска е Св. 45 Никополски маченици. Овие 45 маченици, меѓу кои се спомнуваат имињата на Леонтиј, Маврикиј, Антониј, Александар, пострадаа за време на римскиот цар Ликиниј, во 319 година. Пострадаа во градот Никопол. Беа фрлени во оган, а остатоците во реката Ликос. Сепак, моштите им испливаа на брегот на реката. Некои христијани ги зедоа и чесно ги погребаа, а подоцна тука беше подигнат храм во нивна чест. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Бригита. Била родена во Шведска, во 1303 година. Се омажила и имала осум синови. Стапила во дружината на свети Фрањо. По смртта на нејзиниот маж живеела аскетски покорнички живот. Основала заедница и отишла во Рим. Напишала многу книги во кои ги опишала сопствените мистични доживувања. Света Бригита умрела во Рим, во 1373 година. ###  

Остани поврзан