• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 јуни 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 мај. Денеска е Св.маченик Василиск. Овој Василиск му беше роднина на свети Теодор Тирон. Како христијанин беше затворен и ставен на маки заедно со уште двајца христијани, Евтропиј и Клеоник. Двајцава беа распнати на крст, а Василиск повторно вратен во келијата. Кога се смени упавникот на град Амасија, Василиск повторно беше изведен од затворот и обезглавен. Подоцна врз моштите на светителот во местото Комани беше подигната црква во која многу болни се исцелуваа. А свети Василиск пострада во почетокот на четвртиот век. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Квирин. Тој бил бискуп. Најстариот извештај за мачеништвото на свети Квирин говори дека за време на Диоклецијановите прогонства, бил фатен. Од него барале да се жртвува за паганските богови, што значело да се откаже од верата. Знаел дека поради тоа ќе биде измачуван и затоа останал одлучен. Бил осуден на смрт и фрлен во реката Сава. Верувајќи во вечниот живот, свети Квирин се присетувал на Христовите аборови: "Не плашете се од оној кој може да го убие телото. Плашете се од оној кој може и телото и душата да ги фрли во пеколот". ###

Остани поврзан