• петок, 27 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
3 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври. Денеска е Преподобен Иларион Велики. Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти. Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа. За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менува-ше местото на живеење Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудољубив живот, на 80 години. Тоа се случи околу 372 година. Неговите чудотворни мошти подоцна беа пренесени во Палестина. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Мартин де Порес. Роден е во Лима. Како мелез оставен од татко му, доживеал големи понижувања и дискриминација. Го привлекувала медицината, но поради сиромаштијата неможел да студира. Заминал во манастир и станал калуѓер. Бил многу побожен. Господ му дал многу милост и мудрост, така што кај него за совет доаѓале угледни луѓе и високи црковни личности и кралеви. Болните ги лекувал на чуден начин. Поседувал дарба на билокација, односно способност во исто време да се наоѓа на повеќе места, за да им помага на луѓето. Верниците му се молат за разни потреби, а особено оние кои се обесправени. ###

Остани поврзан