• сабота, 21 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
1 февруари 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јануари. Денеска е Преподобен Макариј Египетски. Овој Макариј, кого црквата го нарекува уште и Велики, се роди во Горен Египет, во 300 година. Кога стаса за женидба родителите го оженија против негова волја, но жена му умре по неколку денови, а наскоро умреа и родителите, а Макариј го остави светот и се повлече во Скитската пустина (денес Вади Хабиб, на границата меѓу Египет и Либија). Со време свети Макариј стана голем духовник, поминувајќи го целиот свој подвижнички живот во длабоко смирение. Се упокои во 390 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Арнолд. Во покраината Горна Австрија, во Реикенсберг и денеска се наоѓа голем древен августински манастир. Познатата книга "Света земја Баварска" проповедува за животот на Арнолд кој живеел во манастирот. Податоците во книгата укажуваат дека бил надпросечен човек и почитуван како светец. Писателот во книгата на посебен начин ги опишал последните мигови од животот на овој светец во 1166 година, кога ѓаволот го вознемирувал и го принудувал да се одрекне од Христос. Арнолд ги повикал своите монаси да се молат со него и така со молитва на Господ му ја предал својата племенита душа. ###

Остани поврзан