• среда, 15 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
30 октомври 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври. Денеска е Св. пророк Осиј. Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави. Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без завист, лага, љубов кон парите и нечистите задоволства, зашто сите овие работи им го поматуваа умот на луѓето. Го претскажуваше доаѓањето на Господа, како и богатството на даровите што Христос со себе ќе го донесе на земјата. Доживеа длабока старост и мирно се успокои. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марцел. Бил офицер на Римската војска за време на царот Диоклецијан. На 21 јули 298 година сите војници морале да искажат почест пред статуите на царевите Диоклецијан, Максимијан, Костанца и Галерие, кои се сметале за синови на боговите Јупитер и Херкул. Свети Марцел го соблекол официрското дело и се одрекол од офицерската служба велејќи: „Јас сум христијанин и не им се поклонувам на царевите, како на богови, туку за Господ го признавам Исус Христос, синот на Господ, Семожниот“. Тој бил измачуван и убиен. На Марцел, му се молат официрите и другите верници за помош, за зачувување на христијанската вера, како и истрајност во неа. ###

Остани поврзан