• вторник, 19 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
30 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 април. Денеска е Св. свештеномаченик Симеон. Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани. Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа да се одржи за да може до крајот да ги охрабрува останатите. Тој и многумина други пострадаа во 341 или 344 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Пио Петти. Бил роден во близина на Александрија, во Италија, во 1504 година. Како млад го почувствувал Божјиот повик и стапил во редот на доминиканците. Предавал теологија, станал бискуп, потоа кардинал, а во 1566 година бил избран за папа. Во својот понтификат го продолжил обновувањето на црквата која ја започнал Тридентскиот собор. Ги подржувал мисионерите кои патувале во далечните земји, најавувајќи ја Христовата Радосна вест. Папата Пио Петти умрел во 1572 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:37 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 38 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан