• понеделник, 20 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
31 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 март. Денеска е Св. Кирил Ерусалимски. Свети Кирил се роди во Ерусалим во времето на царувањето на Константин Велики. Во 350 година беше избран за Ерусалимски патријарх. Три пати беше прогонуван. Пострада од аријанците и од царот Јулијан Отстапникот. Се упокои во времето на царот Теодосиј Велики (втора половина на четвртиот век). ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Амос. Светото писмо познава четири големи и 12 мали пророци. Во малите пророци се вбројува и Амос, роден во осмиот век. Бил овчар и носител на една голема Божја порака. Неговиот сиромашен живот во него ја развил смислата за Божјата големина, за неговото владеење со светот. Неговите социјални мисли биле современи. Амос ги бранел сиромашните луѓе бидејќи биле многу искористувани. ###

Остани поврзан