• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 јули 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули. Денеска е Преподобен Сисој Велики. Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови за помош и наѕидување на другите. Преживеа долго време и се претстави пред Христа Бога во 429 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословен Ремигиј Исор. Бил роден во 1852 година, во Бамбекуе. Се одлучил да живее свештенички живот во Дружината на Исус. Неговите поглавари го испратиле да работи како мисионер во Кина. Таму отворил училишта за воспитување на младите луѓе. Во 1900 година, Ремигиј Исор бил убиен од страна на безбожниците. ###

Остани поврзан