• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
8 ноември 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј - Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Блажениот Грацие. Живеел во петнаесттиот век, во Мула кај Котор, во сиромашно рибарско семејство. Работел на бродови како морнар. Додека патувал со бродовите мислел дака Господ го повикува потполно духовно да живее како калуѓер. Отишол во манастир во Венеција, а калуѓерскиот живот го продолжил во Падова. Се грижел и им помагал на сиромашните. Триста години по неговата смрт, телото му било пренесено во Котор. Му се молат верниците кои се наоѓаат во финансиски кризи. ###

Остани поврзан