• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
20 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај. Денеска е Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим. Денес се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес. Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Бернардин Сијенски. Бил роден во 1380 година, во Сиена. Се запишал во сеучилиштето во Сиена. Како студент, поради големите способности им помагал на луѓето кои биле болни од чума. Кога тој се заразил од чумата, почнал сериозно да размислува за животот. Господ му помогнал и тој оздравел. Го продал својот имот и парите им ги дал на сиромашните. Стапил во редот на фрањевците каде бил познат како проповедник и светец. Свети Бернардин умрел во 1444 година. ###

Остани поврзан