• вторник, 05 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
14 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јуни. Денеска е Духовден - Слегување на Духот Свети (Трет ден). Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Еруса¬лим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. ОД КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР Денеска е Етиопски маченици. Папата Јулиј Трети во 16 век во Етиопија ги испратил исусовските мисионери. Така започнува т.н. Исусово проповедување на радосните вести во таа земја. Тоа мисионерство и „дало“ осум славни маченици на исусовата дружина на чие чело стои отецот Аполинар де Алмеида, ничејски бискуп. Тој и своите другари биле осудени од етиопскиот цар Фасиладес Втори. Мачеништвото се случило во 1638 година.

Остани поврзан