• среда, 15 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
26 март 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 март. Денеска е Пренос на моштите на св. Никифор. Свети Никифор бил цариградски патријарх во времето на императорот-иконоборец Лав Ерменецот. Заради неговото право исповедање на верата во поглед на почитувањето на иконите тој бил свргнат од императорот и заточен на островот Проконис, каде и се упокоил во 828 година. По 12 години, кога повампиреното иконоборство било конечно победено, новиот цариградски патријарх Методиј ја убедил императорката Теодора да ги пренесе моштите на свети Никифор во Цариград и да ги постави во црквата Св. Апостоли. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Монтан и Максима. Во 304 година, во времето на прогонствата на Диоклецијан, поради верувањето во Христос свети Монтан и Максима биле мачени, убиени и фрлени во реката Сава. ###

Остани поврзан