• петок, 05 декември 2025

Одбојкарот Владо Милев избран за спортист на Струмица за минатата година

Одбојкарот Владо Милев избран за спортист на Струмица за минатата година

Струмица, 17 февруари 2024 МИА) - Одбојкарот Владо Милев, член на ОК „Струмица“ и на македонската репрезентација, синоќа е избран за спортист на Струмица за 2023 година. За најдобар тренер е прогласен тренерот на повеќекратниот македонски одбојкарски шампион, Кирил Ричлив, а нивната екипа е избрана за најуспешна.

Градоначалникот Костадинов, кој присуствуваше на манифестацијата и им ги врачи наградите на најдобрите, го спомена и влогот на Општина Струмица за поддршка на спортот.

- Во рамките на редовната програма за спорт, од општинскиот Буџет за оваа 2024 година, обезбедени се преку 20 милиони денари. Сигурно ќе се согласите дека станува збор за финансиска поддршка за целосен респект, поддршка која овозможува непречена годишна реализација на вашите спортски планови и амбиции. Вие тоа несомнено го заслужувате, рече Костадинов.

На синоќешниот избор беа доделени награди во десет категории, како и други признанија за заслужни спортисти. рт/ир

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан